Економија За боледување поради ковид-19 нема да има кратење од плата, одлучи Владата

За боледување поради ковид-19 нема да има кратење од плата, одлучи Владата

фото: Архива на Мета

На вчерашната владина седница беше разгледана Информацијата во врска сo регулирање на боледување на вработени лица заболени од ковид-19 како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, информираат од Владата.

Донесен е заклучок министерствата и органите на државната управа при регулирање на овие прашања на вработените лица кои имаат симптоми или се заболени од ковид-19 и на лица кои се во изолација заради спречување на ширење на заразата, но се асимптоматични, а за кои е констатирано дека се заболени од ковид-19, задолжително да побараат ИСР образец, односно боледување согласно кој висината на надоместокот на плата за привремена спреченост за работа поради ковид-19 да изнесува 100 отсто од основицата за надоместок на плата.