Македонија За 5 дена спроведени се 1.319 надзори, затворени 5 угостителски објекти и...

За 5 дена спроведени се 1.319 надзори, затворени 5 угостителски објекти и 60 кафемати

Во периодот од 9 до 13 април преку засилени контроли на шесте инспекциски служби спроведени се вкупно 1.319 надзори, информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Државен пазарен инспекторат:

  • Спроведени 514 надзори
  • Затворени 5 угостителски објекти во Скопје
  • Забранети за употреба 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола, Куманово

Агенција за храна и ветеринарство:

  • Спроведени 162 надзори
  • Изречени 2 мерки за неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна
  • Дополнително, донесени се 19 реешенија за констатирана лоша хигиенска состојба и една глоба за пуштање во промет на прозивод со поминат рок.

Државен инспекторат за труд:

  • Спроведени 446 контроли
  • Донесени се 7 решенија и 9 укажувања за работодавачите кои што не ја почитувале одлуката на Владата, односно не дале платено отсуство на родител со дете до 10 години, самохрани родители, бремени жени или хронично болни лица.

Државен инспекторат за транспорт:

  • Спроведени се 85 надзори
  • Констатирано е дека меѓуопштинскиот транспорт е намален за 95%

Државениот здравствен и санитарен инспекторат:

  • Спроведени се 77 надзори над различни субјекти
  • Издадени се 179 дозволи за транспортери професионални возачи со цел да се обезбеди непречена достава на стоки во време на пандемија.

Агенција за лекови „МАЛМЕД“:

  • Спроведени се 35 контроли
  • Констатирано е дека специфични отстапувања и секторот се придржува до препораките од Владата. Се одржува ред во аптеките и се дозволува влез на ограничен број на луѓе.