Македонија За 24 часа низ Македонија поминале повеќе од 2.000 мигранти

За 24 часа низ Македонија поминале повеќе од 2.000 мигранти

Во текот на минатото деноноќие, потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени на вкупно 2.258 странски државјани, од кои 966 се од машки пол, 462 се од женски, 819 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 11 се деца што патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 853, Авганистан – 959 и на Ирак – 446.

Во периодот од полноќ на 1 јануари годинава до полноќ на 6 јануари, вакви потврди се издадени на вкупно 14.024 странски државјани, од кои 5.834 се од машки пол, 2.927 се од женски, 5.215 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 48 се деца што патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 6.043, Авганистан – 4.913 и на Ирак – 3.068.