Свет Балкан Вучиќ: Србија нема да одговори на мерките на Хрватска

Вучиќ: Србија нема да одговори на мерките на Хрватска

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека Србија нема да одговори на новите мерки на хрватската влада, не затоа што не ја разбира ваквата нивна одлука, туку зашто смета дека одамна поминало времето кога некој влегувал во автобус, прегледувал патници и ги вадел од возилото затоа што имале некој пасош.

– На економските мерки може да се одговори со мерки, на лудилото никако. Ниту еден хрватски граѓанин нема да биде запрен и сите се добредојдени во Србија. Тоа што го прави Хрватска, никој во Европа не го прави – рече Вучиќ.