Свет Балкан Вучиќ: Односите на Балканот се напнати, но проблемите не се туркаат под...

Вучиќ: Односите на Балканот се напнати, но проблемите не се туркаат под тепих

Српскиот премиер во заминување, Александар Вучиќ, денеска изјави дека на Балканот има многу тензии и дека е потребно да се вложат многу напори за да се подобрат односите, но дека сега проблемите „не се туркаат под тепих“ и „не се лажеме едни со други“.

Говорејќи за односите во регионот, на последната прес-конференција во улога на премиер, Вучиќ рече дека донекаде изградил доверба со Босна и Херцеговина, дека односите со Црна Гора и со Македонија се „далеку од лоши“, а дека најкомплицирани се односите со Приштина, но дека секогаш е подобро да се разговара.

Тој додаде дека како претседател на Србија ќе настојува да ги унапреди односите во регионот.