Свет Балкан Вучиќ: Ќе бидам претседател на сите, нема да ги делам граѓаните

Вучиќ: Ќе бидам претседател на сите, нема да ги делам граѓаните

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција во Србија, Александар Вучиќ, одржа предизборен митинг во Белград, а поддршка му дадоа претседателот во заминување, Томислав Николиќ, но и поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, и висок функционер од партијата на Владимир Путин, Единствена Русија, Петер Толстој.

Вучиќ рече дека сака да биде претседател на сите, без да ги дели луѓето и без намера да суди и порача дека се обврзува дека својата должност нема да ја сфати лесно и дека никогаш нема да биде поголем од државата.

Тој најавувајќи ја неговата посета на Москва рече дека Србија е на европски пат, но дека е единствена европска земја која нема да ѝ воведе санкции на Русија.

Вучиќ го дочекаа момчиња и девојки облечени во народни носии и трубачи, како и неколку илјади поддржувачи кои на собирот беа донесени со автобуси од повеќе градови во Србија.