Свет Балкан Вучиќ ги повика косовските Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел

Вучиќ ги повика косовските Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги повика денеска косовските Албанци на продолжување на дијалогот во Брисел, пишува електронското издание на „Блиц“.

Тој, на прес конференција, по прием на деца од Косовско Поморавље се осврнал на заканите од страна на косовските Албанци и рекол дека поради тоа и предложил на албанската страна, што поскоро, без оглед на потенцијални избори, да го продолжат дијалогот во Брисел или било каде на друго место.

Според Вучиќ, важно е да се спуштат тензиите, а не да се предизвикуваат нови.