Свет Балкан Вучиќ бара докази за обвиненијата на Црна Гора

Вучиќ бара докази за обвиненијата на Црна Гора

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска се огласи по повод апсењето на 20 српски државјани во Црна Гора, под обвинение за тероризам, велејќи дека би сакал да види и да слушне сериозни податоци за тоа дека пензионираниот командант на жандармеријата на Србија, Братислав Дикиќ, планирал терористички акции во Црна Гора.

Црногорската полиција и обвинителството викендов уапсија 20 државјани на Србија, осомничени дека планирале терористички напади на денот на изборите, па дури и киднапирање на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а медиумите пренеле дека лидер на групата е Дикиќ.

Вучиќ, за време на посетата на Прокупље, рекол дека лично не верува во тоа, имајќи ги предвид другите разузнавачки податоци до кои дошол. Тој додал дека многу од уапсените, преку адвокати побарале интервенција на Србија, амбасадата на Србија во Црна Гора и оти српската амбасада испратила свои службеници да ги посетат во затворите.