Во средните училишта денеска се спроведува второто пријавување од јунскиот уписен рок за запишување ученици во прва година во учебната 2016/2017 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 6 јули.
Првото пријавување за упис во средните училишта за гимназиско, стручно и за уметничко обазование и за спортската академија се одржа на 28 и на 29 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места беа објавени на 30 јуни.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24 август, а објавувањето на резултатите и слободните места е следниот ден (25 август).
Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат местата утврдени со конкурсот што го објави Министерството за образование и наука, ќе продолжат со запишување ученици до 31 август.