Економија Втор повик за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези

Втор повик за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези

Владата распиша втор повик за воспоставување јавно-приватно партнерство за стопанисување и за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Се бара компанија која со комплексот ќе управува во наредните 20 години.

Концесионерот, фирмата „Тренд“, се откажа од овој проект кој потоа премина во рацете на Службата за општи и заеднички работи.