fbpx
Таг: нерези

таг: нерези

Се запали автобус на ЈСП на постојката во Нерези, нема повредени патници

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. „Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од...

Комплексот „Македонско село“ во Нерези од утре нема да работи

Комплексот „Македонско село“ во Нерези од утре се затвора, информираше менаџментот на фејсбук-страницата на комплексот. „Ве информираме дека менаџментот на комплексот „Македонско село“ донесе одлука за затворање на Комплексот и истиот престанува да работи од 18.10.2018 (четврток).Ви благодариме за сите заеднички моменти, убави спомени и посети во изминатите години“, пишува на фејсбук-страницата. Комплексот беше даден на 20-годишна концесија на поранешниот градоначалник на...

Линијата број 25 од Транспортен центар до Водно со изменет возен ред

Линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно од претстојниот викенд (6-7 октомври) ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП. „Терминот за поаѓање на автобусот во 7.30 часот, се менува, односно поаѓањето сега ќе се реализира во 8 часот. Изминатиот период, терминот за поаѓање во 7.30 часот за време на викенди се должеше на барањето на...

Волци задавиле коза и куче во Средно Нерези

Синоќа волци влегле во дворови на куќите во населбата Средно Нерези во Скопје и задавиле едно домашно куче-загар, а во соседниот двор убиле и изеле една коза, соопшти денеска Општина Карпош. Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од Горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби. Општина Карпош ги предупредува граѓаните на...

Втор повик за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези

Владата распиша втор повик за воспоставување јавно-приватно партнерство за стопанисување и за управување со проектот „Македонско село“ во Горно Нерези. Се бара компанија која со комплексот ќе управува во наредните 20 години. Концесионерот, фирмата „Тренд“, се откажа од овој проект кој потоа премина во рацете на Службата за општи и заеднички работи.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...