Свет Балкан Втор круг од претседателските избори во Хрватска

Втор круг од претседателските избори во Хрватска

Граѓаните на Хрватска денеска во вториот круг од претседателските избори ќе треба да решат меѓу актуелниот претседател Иво Јосиповиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидатката на конзервативната Храватска демократска заедница (ХДЗ).

Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 28 декември, Јосиповиќ освои 38,46 отсто од гласовите, додека поранешната министерка за надворешни работи Грабар-Китаровиќ доби 37,22 отсто од гласовите.