Македонија Времето утре сончево со мала локална облачност

Времето утре сончево со мала локална облачност

Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер, особено долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 30 до 37 степени, вели прогнозата на УХМР.

УВ-индексот ќе биде 9.

Во Скопјe ќе биде сончево и топло, со слаба облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 35 степени.

За време на викендов, како и во наредната седмица, следува стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна недела, кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 Целзиусови степени.
В недела и в понеделник попладне во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.