Македонија Времето променливо облачно со сонце

Времето променливо облачно со сонце

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне се очекуваат локален пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Минималните температури утрово се движеа од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималните во текот на денот ќе изнесуваат меѓу 27 и 34 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно  со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите ќе бидат во распонот од 20 до 33 Целзиусови степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат околу или малку под просечните за овој период од годината.

Извесно стабилизирање на времето се очекува за време на престојниот викенд.