Македонија Времето претпладне облачно попладне со пороен дожд и грмежи

Времето претпладне облачно попладне со пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно со променлив правец.

Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 28 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 32 Целзиусови степена.