Македонија Времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со слаб до умерен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло, со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 27 степени.