Македонија Времето денеска топло со температура до 30 степени

Времето денеска топло со температура до 30 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната температура од 21 до 31 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време. Во следните денови ќе преовладува стабилно време со пораст на температурите. Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи ќе биде во петок и сабота во попладневните часови.