Македонија Времето денеска суво и топло

Времето денеска суво и топло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, преку денот ќе има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 25 до 31 степен.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 28 степени.