Македонија Студено време со слаб снег

Студено време со слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, локално со провејување на слаб снег. Ќе дува силен северен ветер со брзина повремено и од околу 100 километри на час, кој особено ќе биде изразен на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус 6 до 2 Целзиусови степени, а дневната од минус 3 до 5 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до минус 2 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 2 степени.