Македонија Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска сончево со умерена облачност

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринските температури се движат од 9 до 18 Целзиусови степени, а дневните ќе изнесуваат меѓу 27 и 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура изнесуваше 16 Целзиусови степени, а највисоката дневна ќе достигне 30 степени.

Од утре следува период на стабилно и потопло време.Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.