Македонија Времето денеска сончево, со температури до 14 степени

Времето денеска сончево, со температури до 14 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, претежно застапена во западните делови на земјата, а ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од -5 до 0 Целзиусови степени, а дневната од 5 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе достигне до 6 Целзиусови степени.

Синоптичарите за недела попладне прогнозираат променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините локален снег.