Македонија Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска сончево со слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и топло, со слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Следува период на претежно сончево време со свежи утра. До недела дневната температура ќе биде во пораст.