Македонија Времето денеска сончево и топло со умерена облачност

Времето денеска сончево и топло со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, а попладне во западните делови со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе достигне до 4 Целзиусови степени, а дневната до 23 степени.

Во текот на следната работна недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со врнежи од дожд со слаб интензитет, а во западните и во јужните делови повремено ќе бидат со умерен интензитет. На повисоките планини можни се и повремени снежни врнежи.