Македонија Времето денеска сончево и топло, со локални поројни дождови

Времето денеска сончево и топло, со локални поројни дождови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на дожд и грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се движат во интервал од 17 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, односно променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови се очекува облачноста да се зголеми и да има врнежи од дожд. Максималните температури на воздухот во главниот град ќе се искачат до 27 Целзиусов степен.

За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.