Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, така што во вечерните часови во северните делови од земјава на некои места ќе има слаб дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје се очекува слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 31 степен.