Македонија Времето денеска сончево и топло

Времето денеска сончево и топло

Денеска наутро и претпладне ќе биде сончево и топло.

Попладне облачноста ќе се зголемува на север, а во сите други делови од земјава ќе има долги сончеви периоди.

Во текот на попладнето и вечерта можно е да има слаби врнежи од дожд и тоа во северозападниот и во североисточниот регион.

Температурата ќе достигне максимални 30 Целзиусови степени.