Македонија Времето денеска сончево и студено

Времето денеска сончево и студено

Времето денеска ќе биде сончево, со појава на мала локална облачност во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус 5 Целзиусови степени, а дневната од 4 до 10 степени.

Во Скопје се очекува слично време со утринска температура до минус 6 Целзиусови степени и дневна до 7 степени.