Македонија Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска сончево и потопло

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од 4 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време, со постепен пораст на температурата на воздухот. В среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер.