Македонија Времето денеска со повремен снег

Времето денеска со повремен снег

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во јужните делови од земјава дожд и снег, додека во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од снег и со слаб до умерен ветер од североисточен правец правец. Температурата ќе достигне до 2 Целзиусови степена.

Утре се уште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.