Македонија Пороен дожд и грмежи

Пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде нестабилно, со пороен дожд и со грмежи, а локално процесите ќе бидат и поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и со можна појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во првата половина од денот. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.