Македонија Времето денеска променливо облачно, викендов благ пад на температурите

Времето денеска променливо облачно, викендов благ пад на температурите

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува.

Дневната температура ќе се движи меѓу 26 и 35 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, претпладне променливо облачно, со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 19 до 31 Целзиусов степен.

Од сабота следува период на стабилно време. За време на викендот ќе има благо опаѓање на температурите, а од понеделник нивни позначителен пораст.