Македонија Времето денеска променливо облачно со температура до 12 степени

Времето денеска променливо облачно со температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните и во североисточните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, а во западните планински делови силен ветер од западен и од југозападен правец, на моменти со брзина околу 90 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 9 Целзиусови степени, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје се очекува слично време, променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до 4 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 12 степени.