Македонија Времето денеска посвежо со помалку дожд

Времето денеска посвежо со помалку дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито, со повремени локални врнежи од дожд и од снег на повисоките планини.

Врнежите ќе бидат со намален интензитет, а дневната температура се очекува да достигне до 17 Целзиусови степени.

Нови врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, ќе има од петок попладне и в сабота во текот на денот. Потоа следува променливо облачно време со пониска утринска температура.