Македонија Денеска сончево со умерена облачност

Денеска сончево со умерена облачност

Времето денеска во текот на утринските часови ќе биде студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во североисточните и во крајните западни делови умерен ветер од северен и од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 5 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со утринска температура околу 1 Целзиусов степен и дневна до 16 степени.