Култура Врачување на наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2014 година

Врачување на наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2014 година

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги додели годишните награди за најуспешните книжевни остварувања објавени во 2014 година.

Наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска книга ќе ја добие Радован Павловски, наградата „Стале Попов“ за најуспешна прозна книга ќе му биде врачена на Божин Павловски, а Георги Сталев ќе ја добие наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики.

Наградата „Ванчо Николески“ за најуспешна книга за деца ќе му биде врачена на Стојан Тарапуза, а Сеида Бегановиќ ќе ја добие наградата „Книжевен мост“ за најуспешна книга на јазиците на националностите.