Хроника Вработен во златарница набркал разбојник со спреј-солзавец

Вработен во златарница набркал разбојник со спреј-солзавец

Вработен во златарницата „Голд принцес“ вчера со спреј-солзавец набркал разбојник, кој со нож влегов во дуќанот и се обидел да го ограби.

Според полициските информации, вчера, околу 11 часот, во златарницата, на улицата 8 Септември во Велес, влегол непознат сторител и со закана со нож од вработениот го побарал целото злато.

Вработениот, наместо златото, од работниот пулт извадил спреј-солзавец и го испрскал разбојникот во очите, кој веднаш побегнал, а по кратко време бил фатен и приведен од полицијата.

Како што информираат од МВР, станува збор за 21-годишниот Г.С. од велешкото село Отовица.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.