Подглавна секција Возрасен маж загина во пожар во Битола

Возрасен маж загина во пожар во Битола

Фото: Brian Fegter on Unsplash

Во пожар што утрово избувнал на дванаесеттиот кат во зградата наречена „Пензионерска“ во Битола загина возрасен маж.

Од СВР-Битола велат дека зградата се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“. Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Екипи на СВР Битола и противпожрната единица во моментов вршат увид и најавија дека во текот на денот ќе информираат подетално.