Дописници Возило излета на автопатот Скопје – Тетово, шестмина повредени

Возило излета на автопатот Скопје – Тетово, шестмина повредени

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што денеска точно напладне се случи на автопатот Скопје – Тетово.

Според информациите, станува збор за автомобил со неготински регистарски таблички, кој излетал од патот, а го управувал 30-годишен жител на селото Долно Количани.

Во возилото во кое се превезувале шестмина патници, имало и две деца. Петмина од нив по укажаната лекарска помош во Клиничкиот центар во Тетово, биле префрлени на скопските клиники.