Свет Воздушна поддршка од САД и од Турција за бунтовниците во Сирија

Воздушна поддршка од САД и од Турција за бунтовниците во Сирија

Турција и САД постигнале договор за нудење воздушна заштита на сириските бунтовници, кои ќе бидат обучени и опремени за борба против Исламска држава, изјави министерот за одбрана на Турција, Мевлут Чавушоглу.

Тој не наведе детали како ќе се изведе заштитата од воздух. Американски официјални лица претходно изјавија дека целта е во наредните три години, годишно да се обучат по 5.000 Сиријци во базите на Турција, Саудиска Арабија и на Катар.