Свет Европа Возачот на камионот во Берлин стигнал преку балканската рута како бегалец

Возачот на камионот во Берлин стигнал преку балканската рута како бегалец

Германскиот весник „Велт“ ги објави името и податоците на осомничениот возач на камионот кој влета во штандовите на божиќниот базар во Берлин и усмрти 12 лица.

Се работи за Пакистанецот Невед Б., роден на 1 јануари 1993 година, кој во Германија пристигнал како бегалец преку балканската рута.

Полицијата во текот на ноќта сослушувала едно осомничено лице, а според германските медиуми, сè поизвесно е дека се работи за терористички напад.

Полицијата соопшти дека најверојатно Пакистанецот намерно го упатил камионот кон луѓето на божиќниот базар.

Според германските медиуми, безбедносните власти веќе со денови имале информации за можен терористички напад.

Еден маж трчал по напаѓачот по нападот кога тој побегнал од местото на злосторството. За тоа време, тој со својот мобилен телефон jа информирал полицијата за движењето на напаѓачот.

На местото на совозачот во камионот било пронајдено телото на полски државјанин, кој бил застрелан со неколку куршуми. Властите претпоставуваат дека Полјакот управувал со камионот пред да биде застрелан од напаѓачот, кој потоа го киднапирал камионот и го извршил нападот.