Хроника Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Возач загинал во сообраќајка на патот Македонски Брод – Самоков

Седумдесет и тригодишен жител на селото Ропотово го загубил животот, а уште три лица биле повредени во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Самоков, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, а во неа учествувале автомобил, марка „лада рива“, што го управувал починатиот Драгомир С., и возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на Здравствениот дом во Македонски Брод, што го управувал 54-годишниот В.Џ.

Од сериозноста на повредите Драгомир С. починал на самото место, додека телесни повреди добиле возачот на „тојотата“ и две сопатнички.

На местото бил извршен увид и се работи на утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајната незгода.