Свет Воз со 142 патници излета од шините во Канзас

Воз со 142 патници излета од шините во Канзас

Воз со 142 патника излета од шините во американската сојузна држава Канзас, при што повеќемина се повредени, соопшти локалната полиција.

Во соопштението на железничката компанија „Амтрак“ се наведува дека нешто после полноќ, по локално време, во близина на Доџ Сити во Канзас излетале неколку вагони на линијата Лос Анџелес-Чикаго, пренесува „Си-Би-Ес“.

Во возот, во моментот на несреќата имало 128 патници и 14 членови на екипажот, а меѓу повредените никој не е во животна опасност.

На местото на несреќата се наоѓаат екипи на брзата помош, а истрагата е во тек.