Свет Европа Воз и воен камион се судрија во Финска – има загинати

Воз и воен камион се судрија во Финска – има загинати

Воз и воен камион се судрија во финскиот град Росеборг, јавија локалните медиуми, наведувајќи дека има мртви и повредени.

Финската агенција ФБН јавува дека осум лица се повредени во несреќата што се случила на 85 километри од Хелсинки.

Во извештајот се наведува дека во несреќата загинале војници, а финскиот министер за одбрана, Јуси Нинисто, на својот профил на „Твитер“ напиша дека денот му почнал со црни вести и дека му е многу жал.

Според некои извешти, настрадани се најмалку четири војници.