Свет Балкан Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката партија на Турција

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката партија на Турција

Вооружен маж упадна во седиштето на владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) во Истанбул. Набргу е уапсен и нема жртви.

Мажот го скршил прозорците на последниот кат на зградата во предградието Кратл, на азиската страна од Истанбул и развеал турско знаме на кое е додаден мотивот бел меч.
Агенцијата „Доган“ првобитно јави дека двајца упаднале во АКП.

Инцидентот се случил за време на комеморацијата посветена на вчерашното убиство на јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз, кого членови на забранетата радикалната партија ДХКП-Ц го држеа како заложник во судот во Истанбул.

Партија на правдата и развојот (АКП) е највлијателна партија во Турција, а нејзини членови се претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу.