Технологија Наука Вонземска ДНК може да преживее влез во земјината атмосфера

Вонземска ДНК може да преживее влез во земјината атмосфера

Закачениот примерот на ДНК на надвореноста на ракетата останал недопред иако при влез во суборбиталниот простор бил изложен на степература од над 1.000 степени Целзиусови

Научниците кои во вселената пратија мал дел од ДНК, поставен на надворешноста на куќиштето на ракета, открија дека таа може да преживее температура повисока од неколку илјади Целзиусови степени, соопшти швајцарскиот Универзитет во Цирих на својата интернет-страница.

Истражувањето на швајцарските научници покажа дека ДНК може да преживее повторно влегување во атмосферата, што ја отвора можноста за доаѓање на вонземски молекули од вселената на Земјата.

Откритието потполно ги изненади научниците. Без разлика на големите температури, кои достигнуваат и над 1.000 стеоени Целзиусови во текот на летот во суборбиталниот простор околу Земјата и назад, поголем дел од ДНК останала недопрена.

– Бевме потполно изненадени кога откривме дека примерокот на ДНК остана недопрен и функционално активен, изјави др. Кора Тиел, една од научниците на Универзитетот во Цирих.