Свет Балкан Вонредна состојба во 14 општини во Србија

Вонредна состојба во 14 општини во Србија

Во три града и во 14 општини во Србија и понатаму на сила е вонредната состојба, поради обилните врнежи и излевањето на реките, а од тие места се евакуирани 171 лица и поплавени се 710 домаќинства, соопшти денеска српското МВР.

Вонредна состојба е прогласена во Чачак, Нови Пазар и Краљево, Ариље, Лучани, Топола, Пожега, Бајина Башта, Ивањица, Рашка, Љиг, Рача, Трстеник и дел од општините Косјериќ, Пријепоље, Нова Варош и Чичевац.

На терен се ангажирани припадници на Секторот за вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи, на противпожарни, спасувачки единици, жандармерија, како и на војската.

Во текот на ноќта, според прогнозите, најмногу врнело на истокот и на југоистокот на Србија, каде наврнале од 10 до 20 литри на еден квадратен метар за 12 часа.