Македонија Вонредна прогноза на УХМР: Вечерва невреме во Источна Македонија

Вонредна прогноза на УХМР: Вечерва невреме во Источна Македонија

Струмичката Котлина, Берово, Делчево и Велешко вечерва се очекува да бидат зафатени од невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму информираат дека, според податоците со кои располага одделението за анализа и прогноза на време и радарските слики од центарот Ѓуриште, невремето ќе биде со умерен интензитет и ќе биде проследено со интензивен пороен дожд, електрични празнења и со засилен ветер.