Свет Свет Вонреден состанок на СБ на ОН за Сирија

Вонреден состанок на СБ на ОН за Сирија

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница за Сирија, откако специјалниот известувач на ОН, Стефан де Мистура, предупреди дека источниот дел на Алепо може да биде целосно уништен во следните неколку месеци во руската и сириската воена офанзива.

Русија побара одржување на вонреден состанок по извештајот на Де Мистура, кој ќе се обрати од Женева преку видеоконференција, соопштија дипломати.

Де Мистура претходно изјави дека Русија неселективно го бомбардира Алепо и стотици илјади цивили за да протера стотина џихадисти.

Специјалниот известувач ги повика борците на Фронтот Ал нусра, кој го смени името во Фронтот Фатех ал шам да го напуштат Алепо за да престанат руските и сириските бомбардирања.