Дописници Волонтерска акција „Зелено за здравје“ во Струга

Волонтерска акција „Зелено за здравје“ во Струга

Поддржана од проектот за граѓанско општество на УСАИД, денеска во Струга беше спроведена волонтерска акција за садење зимзелени украсни дрва во центарот на градот, под мотото „Зелено за здравје“.

Целта на акцијата беше да се подигне значењето на зелените површини и потребата од нивно одржување.

Акцијата ја реализираше Младински образовен форум (МОФ), во соработка со „Аква“ – Струга, локалниот младински совет и Јавното комунално претпријатие во Струга.

– Сакаме да ги поттикнеме младите да го постават прашањето за нивната вклученост во заедницата и во заштитата на животната средина, како и да земат активно учество во придонесување во локалната заедница преку волонтирање – велат организаторите.