Видео Војската на САД го бомбардираше трезорот на ИД

Војската на САД го бомбардираше трезорот на ИД

Американското министерство за одбрана објави видеоснимка од воздушен напад на трезорот на Исламска држава во Мосул кој бил изведен на 11 јануари.

Снимката без звук, покажува момент во кој две бомби од 900 килограми ја погодуваат зградата, по што почнуваат да летаат банкноти и да паѓаат на улиците и на соседните покриви.

Официјални лица од САД не соопштија за која валута станува збор, но изјавија дека станува збор за милиони.

– Тоа беше добар напад. Проценуваме дека на ИД ѝ нанесовме штета од милиони долари – изјави генералот Лојд Остин.

Тој додаде дека во комбинација со сите други напади на нафтените платформи на ИД, на нивните канали за дистрибуција и на економската инфраструктура, џихадистите имаат голем недостиг од средства.

Тој напомена дека ова не е прв удар на трезор на Исламска држава.

– На ИД тие пари ѝ се потребни за да плати борци, да регрутира луѓе и за да ги спроведува своите активности. Од почетокот говеревме дека ќе ја победиме ИД така што ќе ѝ оневозможиме да има пристап до ресурси – изјави Остин.